Дома Фудбал Останато Реал во финале на Светското клупско првенство🎥

Реал во финале на Светското клупско првенство🎥

Актуелниот европски шампион, Реал Мадрид без поголеми проблеми го совлада Ал Ахли и се пласираше во финалето на Светското клупско првенство.

Тимот на Карло Анчелоти иако без неколку стандардни првотимци, сепак покажа дека е многу поквалитетен од египетскиот клуб.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Винисиус го отвори резултатот во 42-та минута, а Валверде на почетокот на вториот дел зголеми на 2-0.

Египетскиот клуб се врати во игра во 65-та минута со гол од пенал на Малуи, „кралевите“ преку Модриќ зголемија на 3:1, а конечните 4:1 беа дело на Родриго во судиското продолжение.

Реал Мадрид во финалето ќе игра против Ал Хилал, а Ал Ахли со Фламенго ќе се бори за третото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…