Дома Трансфер зона Реал веќе најде замена за Лука Модриќ!

Реал веќе најде замена за Лука Модриќ!

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид работи на доведување на играч кој во иднина треба да ја преземе улогата на Лука Модриќ во наредниет сезони.

На мета е младиот и талентиран играч за врска на Бетис, Дани Себаљос чија вредност на трансфер пазарот моментално се проценува на 15 милиони евра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Себаљос има 20 години, веќе е стандарден првотимец на Бетис и постигна два гола во вториот дел од минатата сезона.

Планот на Реал е да го купи играчот веднаш и да го остави уште една година во Бетис каде ќе има голема минутажа и каде ќе може добро да се развива.

Младиот играч за врска неодоливо потсетува на Лука Модриќ, па „кралевите“ сметаат дека ќе биде одлична замена за Хрватот во наредните години.

Модриќ веќе влегува во зрели фудбалски години, па нема да биде изненадување ако оваа биде последна сезона за него на „Сантиаго Брнабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…