Дома Топ вести Рашфорд размислува да го напушти Манчестер Јунајтед

Рашфорд размислува да го напушти Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд сериозно размислува за својата иднина на „Олд Трафорд“, пренесуваат англиските медиуми.

Рашфорд се уште не донел конечна одлука за својата иднина, но сериозно размислува да ги напушти „црвените ѓаволи“ на крајот на сезоната.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тој има договор до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па треба да донесе одлука.

Доколку не стави потпис на нов договор, тоа ќе биде последна шанса Манчестер Јунајтед да го продаде. Клубот во неколку наврати испрати понуда за продолжување на договорот, но се уште нема одговор.

Оваа сезона Рашфорд не игра во добра форма и го загуби првотимскиот статус со доаѓањето на Рангник.

Поради тоа размислува да го напушти клубот, но се ќе зависи од тоа кој ќе биде нов тренер на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …