Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд одигра 1:1 против Ливерпул и така ја прекина низата на тимот од Енфилд од осум победи во низа.
Екипата на Солскјер беше поблиску до победата, но Црвените во завршницата постигнаа погодок и стгнаа до бод.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Со голот на Маркус Рашфорд домашниот тим поведе во 36. минута, а Лалана во 85. минута изедначи на 1:1, па така Ливерпул остана непоразен иако не покажа игра каква што се очекуваше.
Рашфорд после натпреварот изјави дека неговиот тим направил повеќе и заслужил да победи.
„Ги заслуживме трите бода. Мислам дека не беа доволно добри да освојат бод или да победат, но тоа е фудбалот.“ – изјави Рашфорд за Скај Спорт.
„Ова беше голема шанса која ја пропуштивме и едноставно не успеавме. Се надевам дека на следниот натпревар ќе оствариме победа.“ – додаде Рашфорд.