Дома Македонски спорт Мак ракомет Раул Гонзалес: Ни треба добро одбрана и полна сала!

Раул Гонзалес: Ни треба добро одбрана и полна сала!

Ракометарите на Вардар, во дербито на колото во Лигата на шампионите, в сабота во „Јане Сандански“ ќе го пречекаат актуелниот европски шампион Кјелце.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Полскиот и македонскиот гигант имаат ист број на бодови, по осум бода, па токму затоа дуелот кој е прогласен за меч на колото во ракометната елита најавува суперинтересен ракомет.

„Очекувам добар натпревар против екипа која има добри, физички силни и квалитетни ракометари. Кјелце има добар напад на што ние ќе мора да одговориме со добра одбрана и ќе мора да ја користиме нашата контра. Имаме уште два дена да се подготвиме за мечот, а по тренингот во петок ќе решам кој ќе игра на натпреварот против Кјелце“, рече Раул Гонзалес.

„Сите сме добри, трениравме напорно изминатиот период и се надевам дека ќе одиграме еден солиден меч. Исполнета сала ќе биде мотив плус да се победи европскиот шампион кој покажа оваа сезона дека е одличен тим“, додаде тренерот на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонска ракометарка потпиша за францускиот прволигаш Париз!

Македонската ракометарка Марија Јанкуловска од следната сезона ќе ја продолжи кариерата во…