Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, на прес конференцијата по мечот со Фленсбург, ги пофали своите избраници и му честита на противникот за фер борбата.
„Само можам да кажам, конечно. Се гордеам со моите играчи. Даваат сè од себе целата оваа сезона. Но ја сакам да им се заблагодарам и на сите оние кои претходно беа во Вардар: Тоскиќ, Прибак, Чипурин, Брумен…сите придонесоа за овој успех. Овој натпревар беше многу тежок, Фленсбург е одличен тим, му посакувам среќа во борбата за титулата во Германија. Ние бевме одлични, одбраната беспрекорна, добро игравме и во нападот. После ова со Столе одиме во кафана“, рече Гонзалез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Капитенот на тимот, Стојанче Стоилов, истакна дека Вардар бил подобар во двете средби, дека одиграл зрело и дека конечно тимот ќе игра на завршниот турнир.
„Цела сезона напорно работевме и тоа сега се исплати. Јас сакам да издвојам еден играч, кој ретко добива пофалби и обично е во сенка. Тоа е Илија Абутовиќ, тој е нашиот најдобар играч сезонава. Тој е одличен играч и човек“, рече Стоилов.