Дома Фудбал Расправија помеѓу Меси и Пике ќе предизвика потрес во Каталонија!?

Расправија помеѓу Меси и Пике ќе предизвика потрес во Каталонија!?

Вчера Барселона го победи Леванте со 2:1 во рамките од 22. коло од шпанската Ла Лига и така ја продолжија трката со Реал Мадрид за врвот на табелата, меѓутоа сега пристигнуваат нови и тоа лоши вести за каталонскиот гигант.

Шпанскиот реномиран медиум „АС“ повикувајќи се на свои извори, објави дека во соблекувалната на Барселона имало расправија помеѓу двете ѕвезди на тимот, Меси и Пике.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Според информациите, Пике и Меси влегле во расправија затоа што не се сложувале со играта на тимот. Барселона не игра баш најдобро во последно време, поради тоа Валверде си замина, а на негово место дојде Кике Сетиен.

Расправија во соблекувалната секако не е добра, а проблемот е уште поголем ако станува збор за играчи со авторитет каков што имаат Меси и Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА подготви нова револуција – саудијците едвај ја чекаа!

Врвната организација на светскиот фудбал (FIFA) подготви нова револуција, а тоа е проширув…