Дома Останати Кошарка Расел Вестбрук МВП на сезоната!

Расел Вестбрук МВП на сезоната!

Бекот на Оклахома Сити Тандер, Расел Вестбрук е прогласен за најкорисен играч (МВП) во НБА лигата.

Вестбрук зад себе има неверојатна сезона, која ја заврши со просечен трипл-дабл учинок. Бекот на Оклахома сезонава одигра 82 натпревари, а на 42 забележа трипл-дабл, а во тие мечеви тимот забележа 33 победи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во просек Вестбрук имаше учинок од 31,6 поени, 10,7 скокови и 10,4 асистенции. Тој беше најдобар во Западната конференција во ноември и декември, а четири пати сезонава беше играч на неделата.

Во изборот за МВП на сезоната Вестбрук зад себе ги остави Каваи Ленард од Сан Антонио и Џејмс Харден од Хјустон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Тежок пораз на Денвер од Њујорк – не се прослави ниту Никола Јокиќ

Кошаркарите на Денвер загубија на домашен терен од Њујорк со 118:145 и го забележаа четврт…