Манчестер Јунајтед продолжи со лошата серија на резултати и повторно ги разочара фановите со ремито против Саутемптон на „Олд Трафорд“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
После мечот менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник призна дека тимот има потреба од нов напаѓач бидејќи се мачи со реализацијата.
„Мислам дека очигледно ни треба нов и млад напаѓач. Договорот на Кавани е до крајот на сезоната. Клуб како Манчестер јунајтед мора да има еден од најдобрите напаѓачи во свет. Тоа е јасно и мислам дека сите сме свесни“, истакна Рангник.
Приоритет на „црвените ѓаволи“ во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а на листата желби се Хари Кејн и Ерлинг Халанд.