Дома Фудбал Останато Рамос проговори за новиот договор со ПСЖ

Рамос проговори за новиот договор со ПСЖ

ПСЖ е спремен да му понуди нов договор на Серхио Рамос, бидејќи е задоволен од настапите на дефанзивецот.

Договорот на 36-годишниот Шпанец истекува на крајот на сезоната, но тој е отворен да разговара со раководството да продолжување на соработката.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Серхио Рамос минатото лето пристигна во ПСЖ како слободен агент, но пропушти голем дел од минатата сезона поради повреда.

Оваа сезона е стандарден и е многу важен за тимот, па раководството сака да му понуди нов договор.

„Се чуствувам прекрасно. Единственото на кое мислам во моментов е да го дадам најдобото на терен. Што се однесува до новиот договор ќе одлучиме заедно со клубот на крајот на сезоната“, изјави Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Меси се доближува до историски рекорд по надминувањето на Пеле

Лионел Меси го надмина рекордот на Пеле за голови од слободни удари, откако го постигна св…