Серхио Рамос откако долги години го носеше дресот на Реал Мадрид, од 2005 до 2021 година на крајот изминатата сезона како слободен играч се пресели во ПСЖ.
Рамос не постигна договор со Перез за продолжување на соработката, Пари Сен Жермен финансиски му го понуди тоа што го бараше и го доведе во своите редови. Сепак, Рамос во ПСЖ има големи проблеми со повредите и далеку е од играчот кој беше додека го носеше дресот на Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради лошата форма се најавуваше дури и заминување на Рамос од ПСЖ на крајот од сезоната, ќе видиме дали ќе се случи. Легендата на Реал, Хозе Марија Гути сега направи една кратка анализа на цфелата ситуација и порача дека неговиот поранешен соиграч според него направил грешка.
„Верувам дека и Рамос знаме дека направи грешка што се пресели во Реал. Очекуваше Реал да му го даде она што го бара поради сите години во клубот, но треба да знае дека клубот е над секого. Во Реал е пракса на договорите на играчите во тие години да се продолжуваат за една сезона, а Серхио тоа не го сакаше. Сметам дека можеше да ја заврши кариерата во Реал, но не ја искористи таквата прилика и си замина поинаку од она што сите го очекуваа“, изјави Гути за „Ел Чирингито“.