Серхио Рамос конечно изгледа блиску до деби во дресот на Пари Сент Жермен.
Искусниот дефанзивец ова лето пристигна во Париз како слободен агент, откако претходни цели 16 години го носеше дресот на Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од почетокот на сезоната 36-годишниот Шпанец се уште нема запишано ниту еден настап, бидејќи се опоравува од повреда. Минатата сезона тој пропушти 30 меча за „кралевите“ поради повреда.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Рамос наскоро ќе се врати на терените. Тој започнал со целосни тренинзи и може да биде повикан за дербито со Лил во петок.
Сепак, многу поголема е веројатноста тој да дебитира на мечот со Лајпциг во Лигата на шампиони на 3 ноември.