Дома Трансфер зона Рамос и Меси повторно во ист клуб?

Рамос и Меси повторно во ист клуб?

Легендарниот шпански дефанзивец, освојувач на сите најважни трофеи во фудбалот, Серхио Рамос и официјално е слободен играч од почетокот на јули откако му истече договорот со Пари Сен Жермен.

Првичните информации за 37-годишниот Рамос највуваае неговото враќање во Севиља, но сега работите изгледаат поинаку.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Според шпанскиот „Спорт“, Рамос добил понуда од Интер Мајами и моментално е најблиску до одлука да се пресели на Флорида и да зигра во американската МЛС лига.

Во Мајами го чека голем ривал од Барселона, но и соиграч од Пари Сен Жермен, Лионел Меси, а тука е и поранешниот капитен на каталонскиот гигант Серхио Бускетс.

Преговорите меѓу Рамос и клубот на Бекам одат во добра насока и може да се очекува зделката наскоро да биде комплетирана, барем според тврдењата на медиумите од оваа земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…