Дома Македонски спорт Мак ракомет Ракометната репрезентација на Македонија во недела добива нов селектор!

Ракометната репрезентација на Македонија во недела добива нов селектор!

Ракометната федерација на Македонија е без селектор откако кормилото го напушти Шпанецот Раул Гонзалез со цел целосно да се посвети на клупскиот ангажман во Пари Сен Жермен.

Пред неколку дена македонската ракометна федерација распиша оглас на кој се пријавиле шест кандидати. На крајот за нов селектор на Македонија е избран тренерот на Металург, Данило Брестовац.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


РФМ закажа прес-конференција за во недела во 12 часот на која Брестовац ќе биде промовиран за нов селектор.

Прес конференцијата ќе се одржи во хотелот „Холидеј ин“.

Единствен проблем за Брестовац е претходната најава на РФМ дека новиот селектор нема да има клупски ангажман. Металург би можел да го ослободи Брестовав од обврските, но кога актуелната сезона ќе заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…