Пред почетокот на вчерашниот натпревар од првото коло во квалификациите за Европското првенство во кое Србија ја совлада Летониј со 38:25 имаше церемонија на која од репрезентативниот дрес се прости Илија Абутовиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Некогашниот миленик на вардаровата публика, но денес ракометар на Еурофарм Пелистер се збогуваше од националниот тим со 55 настапи и 22 постигнати гола.
„Сакам да се заблагодарам на Ракометниот сојуз на Србија кој за мене направи многу со овој гест. Од самиот почеток на кариерата сонував да играм за репрезентацијата и тој сон на крајот се оствари.
Сакам да се заблагодарам на сите мои соиграчи, тренери и членови на стручниот штаб. Иако повеќе нема да помагам на теренот, ќе биде еден од најголемите навивачи надвор од него“; изјави Абутовиќ.