Дома Фудбал Ракитиќ го прокоментира сензационалниот трансфер: Ако се прашувам јас, го сакам во мојот тим! (ФОТО)

Ракитиќ го прокоментира сензационалниот трансфер: Ако се прашувам јас, го сакам во мојот тим! (ФОТО)

Пред два дена каталонски Ел Мундо Депортиво, весник близок до Барселона, објави сензационална вест.

Имено, како што се наведува бразилската супер ѕвезда Нејмар, кој летово во најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, го замени „Камп Ноу“ со „Паркот на принцовите“, во покајание бара да се врати во Барселона.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Според овој извор, Нејмар разговарал со соиграчите, управата на клубот и навивачите, односно по секоја цена сака да се врати летото 2019. година.

Но, тешко е да се поверува, дека епилогот би бил ваков – пред се навивачите повеќе не го сакаат, со оглед на тоа дека сметаат дека со форсираното заминување во Париз го издал клубот кој го лансираше во орбитата, потоа тешко е дека Барселона ќе прифати да ја плати откупната клаузула за Нејмар која изнесува дури 400 милиони евра, а потенцијалното враќање на „Камп Ноу“ сигурно нема да го забрза ниту фактот дека Бразилецот и каталонскиот гигант се на суд.

Иван Ракитиќ, играчот за врска на Каталонците, смета дека фантастично за Барселона би било да се врати Нејмар.

„Ако се прашувам јас, веднаш би го вратил. Не само поради односот кој го имам со него, туку и поради тоа каков играч е. Во својот тим секогаш би го ставил Нејмар“, истакна хрватскиот интернационалец по вчерашниот триумф над Малага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…