Се погласни се шпекулациите дека Иван Ракитиќ на крајот на сезоната би можел да ја напушти Барселона.
Ракитиќ веќе неколку сезони е еден од најважните играчи во каталонскиот гигнат, но се погласни се шпекулира дека клубот ќе му ја отвори излезната врата после ангажманот на Френки де Јонг од Ајакс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот Валверде во неколку наврати посочи дека не сака да се раздели со Хрватот, но клубот смета дека сега е идеален момент за продажба и веќе ја одреди цената.
Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона за слободата на 31-годишниот плејмејкер бара 50 милиони евра.
Ракитиќ после мечот со Еспањол изјави дека наскоро ќе разговара со челниците на клубот за да ги слушне нивните планови.
„Сакам да уживам на теренот и тоа е се. Мило ми е што за добрата игра добив честитки од соиграчите. Не знам што одлучил клубот. Ако не се задоволни со моите игри тогаш сигурно ќе разговараме на поинаков начин. Реков дека сакам да останам во Барселона што подолго, но ќе видиме што ќе се случи на лето“, истакна Ракитиќ.