Дома Фудбал Италија Раиола повторно прави проблем помеѓу Милан и Донарума?

Раиола повторно прави проблем помеѓу Милан и Донарума?

Мино Раиола поставува барања, ќе видиме како клубот ќе реагира.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Агентот на Џанлуиџи Донарума повторно се обидува да направи проблем.

Контроверзниот менаџер и понатаму е лут што Донарума на крајот попушти и остана во Милано, во меѓувреме беше откриено дека младиот голман имал понуда од соништата од ПСЖ.

Раиола во текот на вчерашниот си направи проблем и со Наполи бидејќи го нудеше Лоренцо Инсиње на Барселона, но жестоко ја нападна и управата на Милан.

Проблем е договорот околу Донарума кој „росонерите“ не го испочитувале.

„Според нашиот договор, Донарума требаше да стане симбол и капитен на новиот Милан. Нема да се машам во клупската политика, но потоа дојде Бонучи и се се промени. Ако не се држат до договорот, како можам да им верувам за нешто друго. Ние не ни ја побаравме капитенската лента, тоа беше нивни предлог“, изјави Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интересна изјава од Роналдо по испаѓањето од Мундијалот – ова никој не можеше да замисли дека ќе го каже

Кристијано Роналдо тешко го поднесе елиминирањето на Португалија од Светското првенство. П…