Овие денови во јавноста многу се пишува за иднината на Пол Погба.
Погба сака да го напушти Манчестер Јунајтед и тоа неодамна го потврди Мино Раиола кога јавно кажа дека Французинот повеќе не сака да игра за Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега контроверзниот агент во интервју за медиумот „талкСпорт“ уште еднаш зборуваше за Погба и ситуацијата во која се наоѓа во англискиот клуб.
„Погба не направи ништо лошо. Професионалец е и го почитува клубот во секоја смисла на зборот. Клубот знае што сака, нашите ставови го соопштивме пред подолго време. Навистина жалам што некои луѓе критикуваат без да имаат повеќе информации. Клубот треба да превзема мерки за таквите работи, но и тие засега не прават ништо. Јас се надевам дека наскоро ќе се постигне договор кој ќе ги задоволи двете страни“, изјави Раиола.
Погба во овој момент најмногу се поврзува со враќање во неговиот поранешен клуб, Јувентус од каде што во трансфер вреден 100 милиони евра премина во Манчестер Јунајтед и со Реал
Мадрид. Најголем проблем во неговото заминување изгледа е оштетата која ја бараат „црвените ѓаволи“.