Дома Топ вести Раиола открива: Дибала ќе замине од Јуве, ова се можните дестинации!

Раиола открива: Дибала ќе замине од Јуве, ова се можните дестинации!

Трансферот на Нејмар во Пари Сент Жермен за 222 милиони евра ова лето предизвика вистинска револуција, па цените на сите фудбалери скокнаа најмалку двојно.

Барселона сакаше да донесе една суперѕвезда како замена за Нејмар, а во прв план беа Филип Кутињо од Ливерпул и Пауло Дибала од Јувентус.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, Каталонците не успеаа во својата намера бидејќи овие фудбалери имаат силни договори со клубовите и нивната цена е превисока.

Медиумите тврдат дека Барса следното лето повторно ќе се обиде да го донесе Дибала, а „суперагентот“ Мино Раиола тврди дека Аргентинецот нема да заврши на „Камп Ноу“, иако е сигурен дека ќе го напушти Јувентус.

„Мислам дека Дибала наскоро ќе го напушти Јувентус. Сепак, не верувам дека ќе се пресели во Барселона. Јас го гледам во дресот на Реал или клубовите од Манчестер – Јунајтед или Сити“, истакна Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…