Агентот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Раиола не е изненаден за брилјантните партии на Швеѓанецот во дресот на Манчестер Јунајтед, каде веќе постигна 16 гола од почетоко на сезоната.
Ибра претходно ги собори сите рекорди во Лига 1, но имаше скептици кои се соменваа дека ќе се снајде во Премир лигата, поради квалитетот на натпреварувањето и поради неговите години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Златан е откритие за Англија, но не и за остатокот од светот. Нашата цел беше се она што го постигна во кариерата, да го повтори и во Премиер лигата. Многумина се сомневаа дали ќе успее во Премиер лигата, но Ибра ги уби сите кои се сомневаа во него“, истакна Раиола, а потоа проговори за неговата иднина.
„Постои голема шанса дека и следната сезона ќе игра во Манчестер Јунајтед. Тоа веќе го има во договорот и не е никаква тајна ни за нас ни за клубот. Двете страни се задоволни од соработката, сигурно ќе биде тука и следната сезона“, потврди контроверзниот менаџер.