Како што пренесуваат англиските медиуми, Арсенал пронајде замена за Алексис Санчез кој скоро сигурно заминува, само прашање на време е кога, во јануари или на лето.
Но, последното име кое се споменува реномираниот англиски весник „Тhe Sun“ целосно ги разочара фановите на овој клуб. Во прашање верувале или не е фудбалерот на Кристал Палас, Вилфред Заха.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Истиот извор наведува дека Венгер започнал да ја планира иднината без Санчез кој сакаше да замине и ова лето. Гласините за трансфер во Манчестер Сити се повторно актуелни. Да потсетиме, причината поради која Санчез остана во Арсенал е одбивањето на Тома Лемар во последниот ден од преодниот рок да се пресели на „Емирати“.
Меѓутоам сапуницата конечно би можела да го добие својот епилог, а тоа занчи дека на Арсенал ќе му биде потребен напаѓач, прв избор би можел да биде како што кажавме Заха.
Но, Заха во досегашниот дел постигна само два погодоци, а неговиот тим е закован на дното на Премиер лигата, па сигурно дека првите реакции на „топџиите“ не беа ниту малку оптимистички и доведувањето на Заха го сметаат за чекор назад.
За крај се наведува дека Арсенал за Заха наводно е спремен да плати дури 35 милиони фунти.