Дома Трансфер зона Разочарување за навивачите: Интер го продава Госенс?

Разочарување за навивачите: Интер го продава Госенс?

Интер во последните часови од преодниот рок би можел да го реализира најчудниот трансфер ова лето.

Кога во текот на зимото стигна во Интер Робин Госенс требаше да биде засилување за подолги стази. Поранешниот играч на Аталанта прво играше позајмен, а потоа „нероаѕурите“ го откупија неговиот договор за 15 милиони евра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак, на неговата авантура во миланскиот клуб изгледа и доаѓа крајот и тоа после само една полусезона. Интер мора да ги среди финансиите и Госенс би можел да биде жртвата.

Симоне Инзаги отворено порача дека го сака Франческо Ачерби, тој трансфер беше договорен, но подоцна стопиран поради финансиската ситуација. Таа зделка може да се одблокира само ако Госенс биде продаден.

Според информациите Госенс може да заврши во Баер Леверкузен за 28 милиони евра. Овој потег веројатно нема да им се допадне на навивачите затоа што Госенс прикажуваше одлични настапи, меѓутоа можеби во Милано и немаат друг избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…