Oсман Дембеле во вторникот конечно се врати на терените откако скоро пет месеци беше повреден.
Дембеле се повреди во текот на Европското првенство и го пропушти почетокот на сезоната со Барселона. Французинот конечно се опорави и влезе во игра во натпреварот со Динамо Киев. Сепак, денес Барселона повторно ги разочара своите навивачи со објавата дека Дембеле има повторно проблеми со повреда иако само што се врати на терените.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона соопшти дека Дембеле доживеал повреда на задната ложа и дека повторно е надвор од терените и не е познато кога ќе се врати. Ќе потсетиме, Дембеле во Барселона пристигна пред четири години од Борусија Дортмунд за скоро 140 милиони евра како замена за Нејмар.
За Французинот ова е дури 11. повреда само на задната ложа откако е играч на Барселона и ако вака продолжи тешко дека во клубот ќе имаат трпение.
𝗜𝗡𝗝𝗨𝗥𝗬 𝗡𝗘𝗪𝗦 | The first team player Ousmane Dembélé has a strain in the semimembranosus muscle of his left hamstring.https://t.co/e7P9uj6dBq pic.twitter.com/I1JXxd56bt
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 4, 2021