Дома Фудбал Англија Рагник се пожали на судењето против Барнли: На никого не му е јасно зошто ни беше поништен вториот гол

Рагник се пожали на судењето против Барнли: На никого не му е јасно зошто ни беше поништен вториот гол

Meнаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рагник се пожали на судњето после ремито против Барнли во Премиер лигата (1:1).

„Црвените ѓаволи“ не успеаа да ја запишат третата победа во низа па паднаа на петтата позиција со 39 бодови. Ги прескокна Вест Хем кој победи против Вотфорд.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Во првото полувреме не можевме да бидеме многу подобри. Постигнавме три гола, два ни беа поништени. Посебно вториот гол никој не разбира зошто беше поништен. Требаше да водиме барем со 2:0 на полувреме“.

„Сепак, тоа го кажавме и после натпреварот против Миделсброу. Добро ни оди со топката, го контролиравме натпреварот, но на крајот се смета само победата. Сега не можеме да бидеме задоволни со еден бод. Ако сакаме да бидеме меѓу првите четири не смееме вака да губиме бодови“, изјави Рагник.

Германскиот стратег истакна дека неговиот тим лесно го губел поседот во второто полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нејмар го продолжи договорот со Сантос до Светското првенство 2026

Изгледа дека Нејмар стави крај на шпекулациите за премин во Интер Мајами или враќање во Ев…