Милан е е во потрага по квалитетен играч за врска, а италијанските медиуми пренесуваат дека започнати се преговори со Бефика за трансфер на Флорентино Луис.
20-годишниот играч за врска важи за еден од најголемите таленти во Европа и веќе е незаменлив дел од лисабонскиот тим, а има откупна клаузула од 120 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан и во јануари се обиде да го ангажира Фернандо Луис, но тогаш Бенфика за неговата слобода бараше 50 милиони евра.
Сега поради финансиската ситуација предизвикана од пандемијата играчот може да биде достапен за 25 милиони евра, па Милан сака да ја искористи таквата ситуација.
Друг фудбалер кој го привлече вниманието на многу европски гиганти е играчот за врска на Салцбург, Доминик Собослај.
19-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со младиот играч за врска.
Собослај и Флорентино Луис се големи желба на Ралф Рагник, кој најверојатно ќе биде нов тренер на „росонерите“ следната сезона.