Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички IN со високи 6-0, Пелистер OUT од Лига Европа

Работнички IN со високи 6-0, Пелистер OUT од Лига Европа

Работнички ја оправда фаворитската улога против Тре Пене од Сан Марино и се пласира во второто квалификациско коло во Лига Европа. Од друга страна Пелистер не успеа да постигне гол во двомечот против Лех Познањ и го заврши својот настап на европската сцена за оваа сезона.

Работнички на стадионот „Петар Милошевски“, во тренинг центарот на ФФМ убеливо со 6-0 ги порази аматерите од Сан Марино.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Сахити ја отвори серијата во 28.минута, потоа Најденов во 43. и 60.минута постигна два гола, Маркоски во 71. зголеми на 4-0, а натпреварот со два гола, во 80. и 82.минута го заклучи Велинов.

Пелистер во Струмица со негатива од 0-4 го пречека Лех и не успеа ниту во вториот меч да ја затресе мрежата на полскиот претставник. Лех во реваншот славеше со 0-3 и со вкупен резултат 0-7 се пласира во втората квалификациска рунда.

Головите за Лех ги постигнаа Тралка во 39., Јевтиќ во 66. и Језвијак во 77.минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…