Со вчерашните мечеви во Ријад започна егизбизиониот турнир „Слем на шесте кралеви“, а првите дуели не донесоа ниту малку неизвесност.
Карлос Алкараз и Јаник Синер славеа лесни победи со Холгер Руне и Данил Медведев. Руне кој игра лоша сезона и сега е 14. тенисер во светот и пружи нешто посилен отпор против Алкараз, додека Синер за само 69 минути го елиминираше Медведев.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се очекуваше колку-толку таму да има неизвесност, меѓутоа кај Медведев како да немаше доволна мотивација. Сепак, со настапот Медведев си доби 1.5 милион долари за само 69 минути тенис. Толку добива секој од шесте учесници за настапот.
Победникот на крајот ќе однесе дома парична награда од шест милиони долари. Ако се пресмета временски Медведев заработувал 21.739 долари за секоја минута на теренот или 362 долари во секунда.