Дома Трансфер зона Пјаниќ се сели во Премиер лигата

Пјаниќ се сели во Премиер лигата

Миралем Пјаниќ минатото лето се пресели во Барселона како големо засилување, но засега не ги оправда очекувањата.

Босанскиот плејмејкер е во втор план на кај тренерот Куман и често ја грее клупата за резерви, па не е задоволен од својот статус на „Камп Ноу“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Пјаниќ не се снајде најдобро во Барселона, па е спремен да ја промени средината после само една година.

Англиските медиуми пренесуваат дека Карло Анчелоти покажува силен интерес за Босанецот и сака да го доведе во Евертон.

Барселона има потреба од финансии, па го стави 30-годишниот плејмејкер на продажба. Евертон нема проблем да му ја дава истата плата која ја заработува на „Камп Ноу“, па наскоро ќе испрати понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…