Дома Фудбал Останато Пјаниќ покажа дека е голем професионалец

Пјаниќ покажа дека е голем професионалец

Mиралем Пјаниќ вчера престојуваше во Луксембург каде што и приреди прослава по повод неговиот трансфер во Барселона.

Пред неколку дена беше соопштено дека Пјаниќ на крајот од сезоната ќе го напушти Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во Барселона со која потпиша договор до 2024 година.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Пјаниќ доби неколку дена одмор од Јувентус, а од утре ќе се врати во тимот бидејќи Јуве во сабота го очекува натпревар против Торино. Слободниот период Пјаниќ го искористи и да игра малку тенис.

Она што многумина забележија на фотографијата која ја објави е што босанскиот репрезентативец носи дрес о Јувентус. Со тоа покажа дека останува професионалец до крајот на својот престој во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го обнови интересот кон Нкунку

Баерн Минхен го обнови интересот кон Кристофер Нкунку од Челси, пренесуваат германските ме…