Јувентус ова лето го ангажираше Кристиано Роналдо и никој во клубот не крие дека главната цел оваа сезона е Лигата на шампиони.
„Старата дама“ во последните четири години два пати стигна до финалето, но не успеа да го освои трофејот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Миралем Пјаниќ смета дека оваа сезона е вистинско време да се освои ЛШ, особено поради фактот што Роналдо е на нивна страна.
„Во последните четири години стигнавме до две финалиња во ЛШ, тоа не смее да се заборави. Но, ни треба нешто повеќе за да се освои тој трофеј. Тоа секогаш мора да биде главна цел за клуб како Јувентус“, истакна Пјаниќ.
„Веруваме во тој сон и оваа сезона. На вистински пат сме, а сега на наша страна го имаме и Роналдо, кој би можел да биде клучен играч“, додаде плејмејкерот,.