Дома Фудбал Италија „Пукна“ сеир: Рома игра во Лига Европа, ама нивниот играч ќе се фокусира на Лигата на шампионите (ФОТО)

„Пукна“ сеир: Рома игра во Лига Европа, ама нивниот играч ќе се фокусира на Лигата на шампионите (ФОТО)

Фудбалерите на Рома во последното коло од Серија A во натпревар со шест гола однесоа победа против Сасуоло со 4:2.

После натпреварот во центарот на вниманието се најде фудбалерот на „волчицата“ Џордант Веретут кој објави фотографија со малку чуден опис за ситуацијата во која се наоѓа Рома.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Одлично деби на Олимпико, се беше одлично. Сега да се фокусираме на Лигата на шампионите“, гласеше неговата порака.

Ништо од тоа не би било чудно ако оваа година Рома учествуваше во најелитното европско натпреварување. Тој изгледа заборави дека Рома оваа година ќе се натпреварува во второто по ранг натпреварување во Европа, Лигата на Европа.

Французинот брзо ја забележа грешката и преправи во Лига Европа. Меѓутоа во денешно време на интернетот и социјалните мрежи ништо не може да биде конечно избришано, па така ни овој лапсус на Веретут.

Инаку Рома во Лигата на Европа ќе игра против Башакешир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Уникатен светски рекорд на Родри – една година без пораз!

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола го истакна Родри како најдобар фудбалер на Манчестер Сити…