Дома Топ вести ПСЖ спреми нова понуда за Скриниар

ПСЖ спреми нова понуда за Скриниар

ПСЖ не се откажува од Милан Скриниар и спреми нова понуда за дефанзивецот на Интер, пренесува „Газета дело Спорт“.

Новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос го посочи како приоритет доведувањето на Скриниар и започна преговори со Интер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Првата понуда од 50 милиони евра експресно беше одбиена, бидејќи Интер за слободата на дефанзивецот бара 70 милиони евра.

ПСЖ сега е спремен да ја зголеми понудата на 65 милиони евра со вклучени бонуси и ќе ги обнови преговорите со Интер.

Менаџерот на Скриниар инсистира да биде прифатена понудата, бидејќи дефанзивецот веќе има договор со ПСЖ каде ќе заработува 7,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…