Дома Фудбал ПСЖ смисли начин, oд денеска и официјално започна пеколот за Мбапе, веќе е пронајдена замена

ПСЖ смисли начин, oд денеска и официјално започна пеколот за Мбапе, веќе е пронајдена замена

Што се случи досега?

Накратко, ПСЖ неколку пати му понуди на Мбапе нов договор, кој не беше прифатен, сегашниот трае до 2024 година, па планот на Пари Сен Жермен е јасен.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Продажбата е единствената опција, сакаат да земат пари од Мбапе, но големо прашање е дали има кој да плати за тоа.

Реал Мадрид е секогаш најреалното решение кога е Мбапе во прашање, но секогаш се поставува прашањето за неговата плата, која е неверојатно висока, бара дури 50 милиони за една година.

Практично никој во Пари Сен Жермен не го сака во клубот, но тој, според сите проценки, ќе биде дел од тимот во претсезоната.

Од друга страна, Le Parisien пишува дека ПСЖ се подготвува да направи нешто необично, а тоа е полека да го уништи животот на Мбапе на секој можен начин, се со цел тој да одлучи да го напушти клубот.

Навистина неверојатно…

Странските медиуми, поточно германски Билд, додаваат дека ПСЖ веќе избрал замена за Мбапе а тоа е Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…