Дома Фудбал ПСЖ одби да му плати на Мбапе 55 милиони евра, Парижаните бараат судење

ПСЖ одби да му плати на Мбапе 55 милиони евра, Парижаните бараат судење

Правната комисија на Француската фудбалска лига (ЛФП) пресуди дека Пари Сен Жермен мора да му плати 55 милиони евра на Килијан Мбапе, но францускиот шампион ја оспори одлуката на раководството на лигата, па се ќе одлучи францускиот суд.

Во четвртокот, ЛФП му нареди на ПСЖ да плати 55 милиони евра неисплатени плати и бонуси што ги бара неговата поранешна ѕвезда Килијан Мбапе, дознава АФП од сигурни извори.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Играчот контактирал со ЛФП, кој се состанал во средата во присуство на двете страни. Комисијата прво препорача посредување, но Мбапе одби. На крајот беше одлучено ПСЖ во рок од седум дена да плати 55 милиони.

Сепак, ПСЖ соопшти дека нема да платат.

„Со оглед на ограничувањата на правниот опсег на Комисијата, случајот сега мора да биде оспорен пред друга јурисдикција“, велат од клубот.

„ПСЖ нема да плати и затоа Мбапе мора да оди на суд“, се додава во официјалното соопштение на клубот.

Новиот напаѓач на Реал Мадрид бара од својот поранешен клуб да плати сума од 55 милиони евра, во која влегува и последната третина од бонусот за потпис, платите за април, мај, јуни, како и бонус во овие три месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судиски аналитичар за голот на Милан: Ова е срамота!

Голем револт во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанецот кој го водеше на…