Дома Трансфер зона ПСЖ не се откажува од Скриниар

ПСЖ не се откажува од Скриниар

Пари Сент Жермен не се откажува од намерата да го доведе дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар, пренесуваат италијанските медиуми.

Словакот беше главна трансфер цел на ПСЖ во летото и „светците“ испратија неколку понуди, но сите беа одбиени од страна на Интер.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Проблем за Интер е што Скриниар влезе во последната година од договорот и веќе во јануари може слободно да преговара со заинтересираните клубови.

ПСЖ на дефанзивецот му нуди плата од 10 милиони евра по сезона, сума која Интер не може да си ја дозволи во моментов.

„Нероаѕурите“ му понудија 6,5 милиони евра по сезона и сега чекаат одговор на Скриниар, кој треба да донесе одлука дали ќе остане во Милано или ќе се пресели во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…