Дома Трансфер зона ПСЖ испрати понуда за Скамака

ПСЖ испрати понуда за Скамака

Џанлука Скамака изгледаше дека е блиску до потпис со Интер, но сега работите можат да се променат и тој дa заврши во ПСЖ.

Според италијанските медиуми, „светците“ испратиле официјална понуда до Сасуоло за напаѓачот кој оваа сезона во Серија А постигна 16 гола на 38 натпревари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Скамака е голема желба на новиот спортски директор на ПСЖ, Кампос и испратил понуда од 35 милиони евра плус бонуси.

Сасуоло за слободата на напаѓачот бара 45 милиони евра, но двата клуба ги продолжуваат преговорите.

Интер и Милан исто така се силно заинтересирани за Скамака, но италијанските гиганти не се спремни да ја платата бараната сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…