Дома Фудбал ПСЖ или Челзи? Влаховиќ избра, се чека понуда која ќе му се допадне на Јуве!

ПСЖ или Челзи? Влаховиќ избра, се чека понуда која ќе му се допадне на Јуве!

Секојдневно пристигнуваат нови информации за статусот на српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ во Јувентус.

По разочарувачката сезона на „бјанконерите“ се поголеми се шансите српскиот напаѓач да го напушти Торино, а први фаворити за неговиот потпис во моментов се Пари Сен Жермен и Челзи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Италијанскиот новинар Алфредо Педула објави дека Влаховиќ решил да го напушти Јувентус и дека го избрал ПСЖ меѓу двата гореспоменатите клуба.

Многу ќе зависи од преговорите на Парижаните со Наполи по понудата од 110.000.000 евра за Виктор Осимен, а доколку Аурелио де Лаурентис не се реши да го продаде Нигериецот, речиси сигурно „Светците“ ќе се насочат кон Влаховиќ.

Јувентус го цени својот напаѓач на 80.000.000 евра, според некои најави, францускиот клуб ќе ја испрати првата понуда вредна 70.000.000 со бонуси, па доколку се постигне договор тој ќе биде меѓу овие две цифри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Кансело му доаѓа крајот во Барселона и веќе се нуди на нов клуб

Жоао Кансело зимава пристигна како неочекувано засилување за Барселона, но иако игра доста…