Килијан Мбапе има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, неколку пати одби да потпише нов договор, па сите очекуваат да се пресели во Реал Мадрид.
Французинот го чека крајот на сезоната за да ја соопшти својата одлука, но „Екип“ објави дека ПСЖ има уште еде ас во ракавот за да го натера Французинот да потпише нов договор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
ПСЖ планира да го направи најплатен во фудбалер светот и да му даде огромен бонус при потпис, но очигледно неговата желба во моментов е да се пресели во „кралскиот“ клуб.
Парижаните имаат уште еден ас во ракавот, а наводно тоа ќе биде и капитенската лента на тимот и така ќе се обидат да го убедат да остане во Париз.
„Да, Килијан е еден од кандидатите за капитенската лента. Ние го сакаме најдоброто за него и клубот“, потврди Покетино.
Pochettino : "Je pense que le mieux pour Mbappé, c’est…" https://t.co/xUuhvmD0P4
— Infos Sport (@infossport21) April 8, 2022