Дома Топ вести ПСЖ го сака Дембеле, ја плаќа откупната клаузула

ПСЖ го сака Дембеле, ја плаќа откупната клаузула

ПСЖ покажува силен интерес за Осман Дембеле и е спремен да ја плати откупната клаузула, пренесуваат француските медиуми.

Дембеле има договор со Барселона само за уште една сезона, а во него има откупна клаузула од 50 милиони евра, што е скромна сума за таков фудбалер.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Поради тешките финансиски услови Барселона не може да му понуди зголемување на платата, па преговорите помеѓу двете страни се прекинати.

ПСЖ ќе се обиде да го доведе во своите редови, бидејќи иднината на Мбапе е неизвесна, а Луис Енрике е голем симпатизер на квалитетите на Дембеле.

ПСЖ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат што поскоро да постигнат договор со Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…