Дома Фудбал Останато ПСЖ го мотивира Нејмар: Ако ја освои „Златната топка“ ќе добие нови милиони!

ПСЖ го мотивира Нејмар: Ако ја освои „Златната топка“ ќе добие нови милиони!

Нејмар ова лето стана најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот откако премина во ПСЖ за 222 милиони евра и прави се во иднина да ја освои „Златната топка“.

Бразилецот практично избега од „Камп Ноу“ во Париз поради Лео Меси, па сака на сите да им покаже дека неговото време допрва доаѓа.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Верува дека во ПСЖ ќе ја освои Лигата на шампиони и „Златната топка“, па интересна е клаузулата во неговиот богат договор, според кој заработува 30 милиони евра по сезона. Доколку успее да ја освои „Златната топка“, Нејмар ќе добие додатни 3 милиони евра од францускиот клуб, што сигурно му е додатен мотив.

Оваа година Бразилецот се наоѓа меѓу 30-те кандидати за престижната награда, која веројатно повторно ќе заврши во рацете на Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нема седнато на клупата, а веќе предизвикува земјотрес: Новиот тренер на Реал ќе „истера“ три големи ѕвезди.

Унаи Емери е еден од фаворитите за клупата на Реал Мадрид. Шпанскиот стручњак веќе четири …