Интер ова лето тешко дека ќе може да го задржи Лаутаро Мартинез бидејќи за него силен интерес покажуваат Барселона и ПСЖ.
Аргентинецот буквално „експлодира“ оваа сезона, па се почесто се шпекулира дека на лето ќе се пресели во Барселона.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Лаутаро е прва трансфер цел на Каталонците, а и самиот фудбалер не крие дека еден ден сака да заигра со Меси на „Камп Ноу“.
Меѓутоа, Барса не е спремна да ја плати откупната клаузула од 111 милиони евра, па тоа може да го искористи Пари Сент Жермен.
Спортскиот директор на „светците“ сака да го донесе Лаутаро во Париз како замена за Кавани и е спремен да ја плати откупната клаузула.