Дома Топ вести Протекоа сумите од нивните фудбалерски плати: Еве колку кеш зема секој од „Кралевите“

Протекоа сумите од нивните фудбалерски плати: Еве колку кеш зема секој од „Кралевите“

Во првиот дуел од четвртфиналната фаза на Лигата на шампионите, Реал Мадрид го совлада Баерн Минхен со 1:2. После мечот, шпанските медиуми објавија протечени информации за платите на кралскиот клуб, што ги изненади навивачите, со оглед на тоа дека таква вест е пласирана после триумфот во Минхен.

Португалецот Кристијано Роналдо неделно заработува 365.000 фунти, а неговиот велшки соиграч, Герет Бејл, 15.000 фунти помалку (неделно, секако), што е двојно повеќе од третиот најдобро платен играч на Реал – Лука Модриќ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватот заработува 180.000 фунти неделно, а веднаш зад него следи капитенот Серхио Рамос, заедно со Тони Крос, со неделна плата по 160.000 фунти, Карим Бензема 150.000 фунти, а Хамес Родригез има неделен приход од 120.000 фунти.

Договорот на Пепе истекува на крајот од сезоната, но до јуни од Реал му следуваат 110.000 фунти секоја недела. На листата со најплатени играчи на Реал следат Рафаел Варан, Марсело, Алваро Мората и Фабио Коентрао кои имаат неделна плата од 80.000 фунти.

Потоа се Иско, Данило, Матео Ковачиќ и Начо со 60.000 фунти неделно, нешто повеќе од 55.000 фунти кои ги зема голманот Кејлор Навас.

Најниско платената група играчи ја предводи Касемиро со приход од 45.000 фунти неделно, па Дени Карвахал со 35.000 фунти, Лукас Васкез 30.000 фунти, а „најлошо“ платени „кралеви“ се Кико Касиља со 25.000 фунти и Марко Асенсио со 10.000 фунти, секако, неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Серхио Рамос во Премиер лигата

Легендарниот дефанзивец Серхио Рамос би можел кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. …