Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис призна дека трансферот на сенегалскиот дефанзиц Јусуф Сабали од Бордо пропаднал поради медицинските тестови на играчот.
Сабали беше очекуван на „Сан Паоло“ откако двата клуба постигнаа комплетен договор за трансферот. Играчот ги изведе медицинските прегледи во специјална болница, а веднаш потоа се појавија информации дека трансферот пропаднал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако докторите му ја предочиле состојбата на клубот, претседателот на Наполи изјави:
„Не е вистина дека ќе го купиме Сабали. Дефинитивно нема да дојде кај нас“, изјави Де Лаурентис.
Сега Наполи ќе се насочи кон десниот бек на ПСВ, Сантиаго Ариас, кој беше резервна варијанта.
#Napoli, salta l'arrivo di #Sabaly. Il club torna su Arias https://t.co/AhmKy3cn4N #serieA #napoli pic.twitter.com/uMe7V73P3f
— LaGazzettadelloSport (@Gazzetta_it) July 28, 2018