Дома Топ вести Пронајдена вистинската „формула“: Кулушевски пред трансфер во Интер

Пронајдена вистинската „формула“: Кулушевски пред трансфер во Интер

Управата на Интер е сериозна во намерата на „Џузепе Меаца“ да го доведе Дејан Кулушевски, пишуваат италијанските медиуми.

На листата желби на Антонио Конте за јануарскиот преоден рок се најдоа неколку фудбалери, а медиумите во Италија тврдат дека Кулушевски е една од главните мети.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Понудата на Интер наводно изнесува 35 милиони евра. Таа сума и одговара на Аталанта од каде што Кулушевски е на позајмица во Парма, но потребно е и „млекарите“ да дадат согласност.

Во Парма сигурно нема лесно да се откажат од фудбалерот кој игра одлично и кој имаат право да го задржат до крајот на сезоната.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер е подготвен да го понуди левиот бек Федерико Димарко на Парма, а Аталанта пак, ќе дозволи трансфер на Муса Бароу, за да се задоволат сите страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…