Голманот на Челзи, Едуард Менди е блиску до потпис за саудискиот клуб Ал Ахли.
Како што наведува „Би-Би-Си“, преговорите се во тек и се очекува Менди да им се приклучи на бројните фудбалски ѕвезди кои се преселиле во Саудиска Арабија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
31-годишниот репрезентативец на Сенегал е во Челзи од 2020 година и ја освои Лигата на шампионите со клубот во 2021 година.
Неговиот поранешен соиграч од Челзи, Нголо Канте, неодамна потпиша тригодишен договор со Ал Итихад.
Според медиумите, клубови од Саудиска Арабија се заинтересирани за Хаким Зијех и Калиду Кулибали.