Дома Фудбал Италија Проблем за Јувентус и Пирло: Нова повреда на Рамзи

Проблем за Јувентус и Пирло: Нова повреда на Рамзи

Јувентус го победи Френцварош со 1:4, но Андреа Пирло во тој натпревар остана без Арон Рамзи.

Имено, Рамзи го повредил десниот бутен мускул и го чека 20-тина дена пауза. За Рамзи ова е втора повреда во сезоната.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Велшанецот така сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Лацио и Каљари, а за Јувентус добра работа е што следи репрезентативната пауза.

На теренот Рамзи би требало да се врати на 28. ноември проти Беневенто што значи дека нема да може да помогне и на Велс во Лигата на Нации.

Од Јувентус соопштија и дека на ново тестирање Рамзи ќе оди за десет дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Страв од нова катастрофа на „Енфилд“, Тотенхем бара замена за Тудор од понеделникот

Игор Тудор врза сите порази на клупата на Тотенхем и изгледа дека би можел да добие отказ …