Дома Топ вести Проблем за Реал: Рен не го дава талентот кој е прва желба на Зидан

Проблем за Реал: Рен не го дава талентот кој е прва желба на Зидан

Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.

17-годишниот играч за врска оваа сезона добива се поголема минутажа во тимот на Рен и ги импресионираше фудбалските критичари кои му предвидуваат блескава кариера.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Младиот Французин со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“.

Зидан сака да го донесе во своите редови, па Реал веќе остварил првични контакти за ангажман на Камавинга и спреми понуда од 60 милиони евра.

Меѓутоа, со завршувањето на Лига 1, Рен избори пласман во Лигата  на шампиони, па најави дека нема да ги продава своите најдобри играчи.

Претседателот на Рен изјави дека е спремен да ја одбие секоја понуда за Камавинга и сака да го задржи талентот по секоја цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …