Дома Фудбал Италија Проблем за Пиоли: Милан остана без најдобриот играч

Проблем за Пиоли: Милан остана без најдобриот играч

Најдобриот фудбалер на Милан, Рафаел Леао поради повреда ќе паузира најмалку три недели, потврди италијанскиот клуб.

Леао се повреди на последниот првенствен натпревар на Милан против Лече во кој „росонерите“ испуштија водство од 2:0 и одиграа 2:2, а на крајот на домаќините им беше поништен и гол за победа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Леао натпреварот го напушти по само десет минути игра и сега за него ќе следи рехабилитација од најмалку три недели. Ова значи дека Милан без него ќе биде во клучниот натпревар во групата Ф во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд на 28. ноември.

На Милан му е потреба победа за да го престигне германскиот тим на табелата со што би бил во добра позиција за место во омсинафиналето во последното коло. Борусија е лидер во групата со седум бодови, ПСЖ има шест, Милан пет, а последен е Њукасл со четири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…