Дома Фудбал Англија Проблем за Клоп: Тешка повреда на Енди Робертсон?

Проблем за Клоп: Тешка повреда на Енди Робертсон?

Репрезентативната пауза донесе нови проблеми за Јирген Клоп, откако се повреди еден од најстандардните фудбалери на Ливерпул, левиот бек Енди Робертсон.

Робертсон заработи сериозна повреда на рамото во натпреварот против Шпанија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Фудбалерот од одбраната се повреди по еден дуел со шпанскиот голман Унаи Симон, а очигледно станува збор за посериозна повреда.

„Да, изгледаше сериозно, но не знаеме ништо конкретно во овој момент. Сега се враќа во неговиот клуб каде што ќе му бидат направени детални прегледи“, изјави селекторот на Шкотска, Стив Кларк, по натпреварот.

Прегледите ќе покажат колку Робертсон нема да му биде на располагање на Клоп, првите прогнози велат дека ќе отсуствува најмалку еден месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок за Тер Штеген: Може брзо да се врати во Барселона!

Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген навистина немаше среќа. Овој Германец, кој во пос…